На дамите родени во овој хороскопски знак, најинтересна игра им е љубовта. За да одговорите на нивните предизвици, треба да бидете посебно психички подготвени.
И кога не бараат внимание, тие го добиваат. За жената Водолија љубовта е игра каде што таа ја има најважната улога. Не се заљубува лесно, напротив, потребно ѝ е повеќе време за емотивно да се поврзе и да му верува на својот партнер. За неа комуникацијата е клуч на секоја успешна врска. Може да ѝ бидете добар пријател, но за да допрете до нејзиното срце, потребно е да помине повеќе време.
Независноста е нешто што ја карактеризира оваа жена. Таа тоа го бара од својот партнер, но и самата е подготвена да го даде истото. Доколку партнерот е љубоморен и посесивен, ќе се откаже од таквата врска. Нејзиниот идеален партнер треба да биде интелектуално силен и да ја разбира нејзината различност. Иако сака слобода, верна е и истото го очекува од својот партнер. Толерантна е и ретко покажува инает. Ако ја пуштите да го следи својот сон, тогаш таа ќе ве сака засекогаш. Жената Водолија во вас може истовремено да го разбуди и доброто, но и злото.
Еднаш кога ќе се заљуби и кога ќе почувствува вистинска љубов, таа целосно ќе му се препушти на својот партнер. Оригинална е и непредвидлива, па може во секој момент да ве изненади. Нејзе ѝ е потребно да ѝ дадете доволно простор за да ги следи своите цели и да го задржи својот круг на пријатели. На тој начин ќе ја уверите дека ја разбирате нејзианта потреба за лична слобода и дека во вас може да го гледа својот животен сопатник. Честопати знае да ги скрие своите емоции, па ако не ве побара во текот на денот, не значи дека не мисли на вас!
Ако сакате рамноправност, тогаш дефинитивно жената Водолија е вистинскиот избор за вас. Таа никогаш нема да се преправа нешто што не е, па она што го гледате, тоа и ќе го добиете. Оригинална, непредвидлива и своја жена!