Готови се веќе 10 епизоди од новата серија „Султанката на моето срце“ која што се снима во руско-турска копродукција.
Серијата најверојатно ќе почне да се емитува од мај оваа година, а во неа убавата руска актерка Александра Никифорова ќе ја игра младата, убавата и наивната Русинка Ана, која ќе ја сретне султанот Мухамед II додека ќе биде во тајна обиколката на царството. Атрактивната синоока и русокоса актерка многумина ги потсетува на Турчинката Мерјем Узерли, легендарната Хурем од Сулејман Величествениот, а како што пишуваат некои медиуми дури и ќе ја симне од тронот и ќе го заземе местото на Хурем во срцата на гледачите.
https://www.instagram.com/p/Bd5OL9ln9Yr/?taken-by=alexandra_nikiforova
https://www.instagram.com/p/BeIsTREnqrx/?utm_source=ig_embed