Секој хороскопски знак има карактеристичен стил на љубовна комуникација. Некои може да се пофалат со одлично чувство за флерт, а други пак се многу емоционални. Какви се во овој поглед Водолиите и Рибите?
Водолија
Предности:
Добрата страна на Водолиите е тоа што тие уживаат во различностите, па тоа што нивниот партнер размислува поинаку од нив, нема да им претставува некој особен проблем. Тие имаат навика често да комуницираат со луѓето кои ги сакаат. Имаат потреба да чувствуваат дека се корисни за другите, сакаат да бидат поддршка и тоа јасно ѝ го покажуваат на околината.
Слабости:
Водолиите знаат да бидат нескротливи. Тие може да ви ветат нешто, но брзо да заборават на тоа. Не затоа што не сакаат да ви помогнат, туку едноставно забораваат. Па, тогаш кога им ви се налути партнерот, тоа ќе ги изненади. Но, кога тие ќе се налутат, тогаш не избираат кои зборови ќе ги употребат!
Риби
Предности:
Рибите се нежни и сакаат блискост, а со своите зборови може да ја воодушеват личноста која ја сакаат. Тие знаат да ги употребат вистинските зборови во вистинско време, па така да ја разнежнат душата на својот партнер. Тие знаат да читат помеѓу редови, а неретко знаат да ја почувствуваат и лагата.
Слабости:
Рибите понекогаш знаат да бидат неискрени и да скријат нешто што е важно, па да се најдат во неволја. Не се од оние кои често го кажуваат она што го сакаат и она што им пречи, па нивниот партнер не може лесно да процени што смее, а што не смее да каже.