Наједноставните и најбрзите јадења кои може да ги подготвите, сигурно се салатите. Зошто да не ги заборавите за миг оние типични салати кои ги подготвувате секојдневно, па да подготвите нешто ново? Иако грашокот може да го комбинирате во различни јадења, сепак, оваа комбинација ќе ве воодушеви. Погледнете како да ја приготвите на лесен и брз начин.
Состојки:
- 300 грама грашок и половина чаша варена пченка
- 1 црвен кромид исечен на тенки кругови
- 300 грама стек исечкан на коцки
- малку сол
- малку брашно
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица оцет
Начин на подготовка:
Исечкајте го стекот на ситни коцки, потоа ставете го во брашно, па пржете во сончогледово масло на тивок оган. Откако ќе го извадите, ставете го на хартија за добро да се исцади. Во сад загрејте малку вода, ставете малку сол и оставете да зоврие. Исчистете го грашокот, па ставете го водата да вари околу 5-7 минути за да омекне, но сепак да остане крцкав. Исцедете го, па оставете да се олади. Исечкајте го кромидот и ставете го водата за да омекне, но веднаш извадете го и почекајте да се олади. Промешајте ги стекот, пченката, грашокот и лукот, па ставете оцет и маслиново масло. Добар апетит!