Познатиот водител откри дека се бори со рак: „Да не ги игнорирав овие БОЛКИ, сега ќе ми беше МНОГУ подобро“
Поранешниот водител на БиБиСи, Бил Турнбул, неодамна откри дека боледува од рак на простата, а сега вели дека се чувствува многу глупаво бидејќи цели четири години го одлагал прегледот кај докторите.
Бил кој има 62 години пред неколку месеци ја дозна страшната дијагноза. Претходно со месеци имал болки, но ниту еднаш не отишол да се прегледа на доктор. Кога конечно отишол да се прегледа произлезе дека канцерот се проширил до коските, а според прогнозите му остануваат од 10 до 18 години живот, што според Бил и не е толку страшно. Тој сега отворено зборува во медиумите за неговата тешка болест, а со цел да ги наведе и другите редовно да одат на прегледи.
„Да бев паметен и да не го одлагав одењето на доктор, сега ќе бев во многу подобра ситуација. Ужасна дијагноза. Таа е со вас постојано, преку целиот ден. Ќе си легнете да спиете и ќе се разбудите, а низ главата ќе ви помине помислата ’Па јас имам рак. Се уше имам рак. Тоа не беше кошмар’“.
Сепак тој е среќен што имал убав живот, па вели:
„И утре да умрам, немам зошто да жалам Имав прекрасна кариера, сјаен семеен живот, супер си поминував. Болеста сега делува на мене, понервозен сум, понекогаш чувствувам бес, а поради хормоните сега сум многу поемотивен отколку порано – вели Бил кој воедно се бори и со црниот хумор. „Неодамна бев да промоција на некое црно вино кое треба да созрее во 2030. Па им кажав дека тогаш и нема зошто да го купувам“, заклучува шегувајќи се на своја сметка.