Пред 10 години се пријави на „Американскиот идол“ и доживеа фијаско – пејачката од Македонија денес им покажа дека погрешиле
Таа и нејзината мајка пред 10 години со часови чекале за аудиција за „Американскиот идол“, но и покрај лошото искуство, не се откажа од своите соништа. И денес на сите им докажа дека е во право.
„Пред десет години јас и мојата мајка чекавме десет часа во ред за аудиција на Американскиот идол. Не го поминав ни првиот круг, но не се откажав од моите соништа. Интересно е како животот го затвора кругот. Толку сум возбудена што можам да објавам дека ќе им бидам ментор на натпреварувачите на Американскиот идол за оваа сезона. Беше судено – напиша на Инстаграм албанската пејачка Биби Рекса.
Биби е родена 1989 година во Бруклин, а нејзините родители потекнуваат од Дебар и Гостивар. Нејзиното вистинско име е Блета, што значи пчела. Досега има напишано безброј хитови и остварено соработки со големи светски ѕвезди како што се Ники Минаж, Дејвид Гета, Селена Гомез и сл.
Таа само на социјалната мрежа Инстаграм има преку 4 милиони обожаватели од целиот свет.