Јована Јоксимовиќ се прошета во кожени хеланки и покажа совршена линија по породувањето
Познатата водителка повторно изгледа беспрекорно
Познатата водителка Јована Јоксимовиќ откако ги роди близначките Ана и Срна со полна пареа се врати на своите професионални обврски. Таа деновиве направи трансфер и од една телевизија премина во друга, а првата емисија и беше воедно и враќање на малите екрани по породувањето. Таа ја воодушеви јавноста и гледачите на својата емисија бидејќи за краток период повторно ја врати својата форма, а тоа можеме да го видиме како од нејзината емисија, така и од фотографијата што ја објави нејзиниот сопруг на социјалната мрежа Инстаграм еден ден потоа.
Жељко ја фотографираше додека се шетаа со синот Коста и близначките, а Јована за таа пригода носеше црни кожени хеланки и црна јакна со пердуви.
https://www.instagram.com/p/BcXLy1Tjb0x/?utm_source=ig_embed
Па, дали ви се допаѓа Јована во ова издание?