Познатата американска актерка во 1997 година го освои првиот Оскар за филмот Фарго во кој ја играше главната женска улога.
Франсис и на почетокот на својата кариера изгледаше природно, а на таквиот изглед му остана верна до ден-денес во своите шеесетти години за разлика од многу нејзини колешки кои сакајќи да ги сокријат знаците на староста посегнаа по најразлични естетски операции и третмани.
Како една од номинираните за водечката женска улога и сериозен кандидат и за самата награда некако се очекуваше познатата актерка за оваа ситуација да изгледа најдобро што може, за секој случај. За тоа секако дека можеше да се погрижи цел тим од стилисти, шминкери и фризери, но Франсис Макдорманд очигледно не е една од таквите дами и на настанот се појави во потполно неочекувано издание. И тука не мислиме само на фустанот во кој Франсис изгледаше убаво, но кој е малку необичен за еден ваков настан, туку и на фактот што познатата актерка кога се качи на бината по Оскарот се појави речиси без шминка на лицето.
https://www.instagram.com/p/Bf75f-Zgo9S/?utm_source=ig_embed
Па, големо БРАВО за неа.
https://www.instagram.com/p/Bf-b347ATzr/?tagged=francesmcdormand
Таа и со овој потег, како и со генијалната глума во филмот „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ заслужува громогласен аплауз. Браво! Браво! Браво!