Холивуд

Кој е фраерот што со својот необичен стил ги засени сите џентлмени на црвениот килим

Advertisement

Дали имаме нова машка икона?

Advertisement

Младиот американски лизгач на мраз Адам Рипон кој оваа година го освои бронзениот медал на Зимските олимписки игри ги освои и симпатиите на сите со неговото необично издание со кое се појави на црвениот килим на 90-тото доделување на Оскарите. Иако некои неговата комбинација ја ставија на списокот со најлошо облечените дами на овој престижен холивудски настан, голем број медиуми го тврдат спротивното. Имено, според нив, овој 28 годишен лизгач на црвениот килим изгледал како вистински модел.

https://www.instagram.com/p/Bf8QQ5-HqXq/?utm_source=ig_embed

Тој иако на прв поглед носеше класичен црн костум, она со што најмногу привлече внимание се необичните детали на рамениците кои се држеа со кожен ремен кој се прекрстува во предниот дел од кошулата.

Advertisement

 

Ваквиот интересен моден додаток всушност претставува „харнес“, дел од садо-мазо опрема, а ваквата несекојдневна форма е дело на генијалниот дизајнер и креативен директор на „Moschino“, Џереми Скот .

https://www.instagram.com/p/Bf8ayarDZpE/?utm_source=ig_embed

Па, што мислите за ова издание на Адам?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button