Меган ги разочара Британците – скришум ја прослави моминската вечер и НЕ ја покани Кејт Мидлтон
Се уште никој ги нема видено фотографиите од моминската вечер на идната британска принцеза
Во медиумите се шушка дека идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл веќе направила моминска вечер. Нивната венчавка е закажана за 21 мај што значи дека поранешната американска актерка се опрости од осамениот живот и во таа чест наздрави цели два месеци пред да стане дел од британското кралско семејство.
Овие информации ги објавија бројни британски медиуми па дури и Вог. Наводно идната принцеза славела во друштво на своите најблиски пријатели, меѓу кои биле и дизајнерката Миша Моно и Виолета фон Вестенхолц кои се едни од оние за кои се смета дека кумувале на запознавањето на Меган и Хари. Но Меган никогаш јавно го нема откриено името на пријателката која што ги запознала.
Сепак, она што е најинтересно во целата приказна околу моминската вечер е тоа што војвотката Кетрин, кој е во напредна фаза од бременоста, не била поканета на забавата. Но и без неа девојките уживале во луксузен спа центар, најверојатно во омилениот на Меган, „Soho Farmhouse“.