„Не знам како ќе се прилагодам на фактот дека е женско“
„Ова не го очекував. Цело време мислев дека сум бремена со машко дете. Дури и на сите им кажував дека ќе родам машко. Не знам како ќе се прилагодам на фактот дека во прашање е женско“ токму ваквите разочарувачки зборови ги кажа Клои Кардашијан во последната епизода од популарното семејно риалити шоу „Keeping Up with the Kardashians“, а обожавателите се разочараа од нејзината реакција и ја критикуваа на социјалните мрежи.
По првичниот шок и негативниот впечаток што го остави, 33 годишната Клои која го очекува своето прво бебе со седум години помладиот кошаркар Тристан Томпсон се обиде да го поправи впечатокот па на Твитер напиша: „Возбудена сум што мојата ќерка ќе ги има најдобрите пријателки Чикаго и Сторми. Ти благодарам Боже на нашата мала принцеза“.
https://www.instagram.com/p/Bfdzq3WBBUN/?taken-by=khloekardashian
Потоа на Твитер се разви и дискусија како би можело да се вика нејзиното девојче, а еден од предлозите е и името на таткото Тристан. Сепак кога станува збор за сестрите Кардашијан ништо не треба да не изненади, нели?