Неверојатни работи кои ќе му се случат на вашето тело доколку секојдневно јадете мед
Сигурно и вие некогаш сте биле во потрага по некој чудесен природен лек кој ќе ја направи вашата кожа убава, организмот силен, расположението подобро… Па, добрата вест е дека најверојатно тој магичен лек го имате во вашата кујна. При истражувањето за благодетите на медот, се открило дека една лажичка мед дневно може да го подобри вашиот организам, од глава до петици.
Чиста кожа
Медот е одличен антиоксиданс, што значи со негова редовна консумација ќе го исчистите телото од различни токсини. Исто така неговите антибактериски својства ќе ја подобрат состојбата на вашата кожа.
Слабеење
Доколку внимавате на вашата тежона, според препораките на нутриционистите, не би смееле да внесувате голема количина на други шеќери, освен мед. Тоа е затоа што медот има поинаков состав од различните засладувачи. Тој го забрзува метаболизмот и ви помага да ги намалите вишокот килограми.
Го зајакнува срцето
Чаша вода и една лажица мед дневно, може да ви помогнат да ја подобрите работата на вашето срце и да го сочувате здраво.
Подобро паметење
Друго истражување, пак, покажало дека медот ви помага да се ослободите од стресот, да го зајакнете имунитетот и да го подобрите паметењето.
Помирен сон
Шеќерот во медот го зголемува нивото на инсулин во крвта, кој ослободува серотонин, кој се претвора во мелатонин, хормон заслужен за квалитетен сон.
Ви помага да се опуштите
Медот ви помага кога сте напнати, така што ги смирува вашите нерви и го отстранува уморот.