Хали Бери повторно е сама – актерката ја откри тајната на својата убавина
„Ми беше страв да не ми се распадне бракот, но се соочив со тоа пред да дозволам да бидам несреќна“ изјави неодамна во едно нејзино интервју познатата актерка која помина низ три разводи, а има ќерка и син.
„Ова е една од моите омилени поза во јогата. Се чувствувам пет сантиметри повисока откако ќе се истргнам вака“, истакна актерката Хали Бери (51) под фотографијата што ја објави на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/Bf1h3gVg-oL/?utm_source=ig_embed
Оскаровката одлучи со своите обожаватели да ја подели и тајната на својот изглед па објасни какви вежби прави и што и е најважно.
https://www.instagram.com/p/BZPkAa-Ad42/?taken-by=halleberry
„Фитнесот не е само трчање, подигање и удирање. За мене да се биде атлетски граден и во форма исто така е и истегнување, дишење и постигнување мир“, напиша Бери. Таа истакна дека истегнувањето дава долготрајни мускули, еластичност и на тој начин ги избегнува повредите. Актерката покрај тоа ги предизвика и своите обожаватели да ја споделат омилената јога поза, а ако ја немаат да ја побараат и да напишат како се чувствуваат откако ќе ја направат.
https://www.instagram.com/p/BdijHXpgwSW/?utm_source=ig_embed
Тие беа воодушевени од нејзината објава па ја поздравија не штедејќи убаво зборови во коментарите.
Па, која е вашата омилена јога поза?