Освежете ја кожата на лицето и сочувајте ја убавината: Три најдобри рецепти за маски од квасец
Маската од квасец е во состојба да ја трансформира кожата на еден чудесен начин. Квасецот можете да го пронајдете во која било продавница, а она што е најважно да се напомене е дека треба да користите свеж квасец, зашто сувиот не одговара. Ви предложуваме неколку рецепти кои ќе ви помогнат да ја сочувате младоста и убавината.
Маска од квасец за чистење на лицето
Наједноставно, но ефикасна маска за лице која ќе ви помогне да го исчистите лицето од акни и митесери. Таа се подготвува на следниов начин: Растворете мала количина квасец во топла вода, така што ќе добиете хомогена смеса. Веднаш се нанесува на исчистено лице и се остава така додека целосно не се исуши. Се измива со ладна вода.
Хранлива маска од квасец за сува кожа на лицето
1 кафена лажица мед се меша заедно со 1 супена лажица брашно и 20 грама квасец. Се става и малку варено млеко, додека не се добие хомогена смеса. Истата нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 20 минути. Измијте со млака вода.
Маска од квасец за масна кожа на лицето
За оваа маска ви е потребен ќефир (или јогурт) и 20 гр квасец. Измешете ги заедно додека не добиете изедначена смеса, па нанесете ја на исчистено лице. Откако ќе се исуши, измијте ја со топла вода.