Реклама
Шопинг

Нови поло маици од „Lacoste“ со кои се подига свеста за зачувување на загрозените животни

Реклама

Нивните поло маици се најпопуларни во целиот свет

Станува збор за светски познатиот бренд „Lacoste“ кој најголема слава достигна со префинетите спортски колекции наменети за голф или возење јахта. Брендот овој пат одлучи да понуди нова „limited edition“ колекција на поло маици на кои ќе го замени препознатливото лого со крокодил и на негово место ќе бидат најзагрозените животни на денешницата. Па како би ја подигнале свеста за загрозените видови и опасноста во која се наоѓаат овие животни, тие остварија соработка со Меѓународната унија за зачувување на природата и претставија нова поло маица во 10 различни изданија. На секоја од маиците наместо крокодилот се наоѓа едно загрозено животно, а количината на одредени маици одговара на бројот колку има останато животни од тој вид. Па така маици со лого од носорог има само 67, оние со калифорниска морски прасиња 30, со суматрански тигри 350, а со калифорнискиот кондор 231. И навистина, дали постои подобар начин да се освести општеството колку ситуацијата е алармантна и дека сме на самиот раб на изумирање на одредени видови? Признаваме, брендот „Lacoste“ не воодушеви со овој потег. Со купување на овие маици се собираат средства за помош на Меѓународната унија за зачувување на природата.

Маркетинг

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button