Секогаш е добра идеја да испробате нешто ново и сосема поинакво, а овој рецепт ќе ве потсети зошто едноставноста секогаш е добра идеја.
Деновите може да ви бидат уште послатки со овој едноставен рецепт кој ќе го подготвите многу брзо и лесно.
Потребни состојки:
- 200 грама темно чоколадо
- 2 јајца, одвоени белките од жолчките
- 150 милилитри слатка павлака
По желба додадете и:
- Малку сол
- Цимет
- Ванила
- Некој сладок алкохол
Начин на подоготовка:
1.Растопете го чоколадото на пареа, а откако ќе се стопи, ставете ги двете жолчки и мешајте додека смесата не стане густа и сјајна.
2. Отстранете го садот од пареа.
3. Измешајте ги белките посебно, па потоа додајте ги во стопеното чоколадо.
4. Во посебен сад измешајте ја и слатката павлака, па потоа додајте ја во смесата со чоколадото.
5. Нежно мешајте и откако ќе бидете готови, ставете ја смесата во мали садови и оставете ги во фрижидер добро да се оладат.
6. Послужете декорирано со чоколадо или нешто по ваша желба.