Реклама
Култура[тор]

Претставата „Бог на масакрот“ го наполни штипскиот театар – сите билети распродадени!

Реклама

Билетите за претставата „Бог на масакрот“ во штипскиот народен театар се продаваат како алва

Претставата „Бог на масакрот“ е направена според текстот од холивудскиот филм „Карнеги“ , а по текст на писателката Јамина Реза. Дејствието всушност претставува психолошка игра на две брачни двојки кои се состануваат за да го решат проблемот со нивните деца, а режисерката Нела Витошевиќ се обидува низ актерската игра на гротескен начин да ги претстави предизвиците на современиот човек, особено кога ситуацијата ќе стане напната, а односите – агресивни и хистерични. Претставата почнува откако децата се степале во школскиот двор и едното од нив ќе заврши со повреда на двата заба, па родителите од тие причини се сретнуваат за да го решат конфликтот, но наместо решение, тие дополнително ја заплеткуваат ситуацијата.

Маркетинг

Претставата „Бог на масакрот“ е првата премиера на Штипскиот народен театар за оваа година. Во претставата играат младите актери Драгана Костадиновска, Милорад Ангелов, Сања Арсовска и Ефтим Трајчов- Ѓаурски. Интересот за неа е голем, а за тоа зборува и фактот што билетите за репризите се распродаваат за помалку од 24 часа откако ќе биде објавен датумот на претставата.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button