Најубавото девојче на светот порасна во прекрасна ИТ девојка!
Французинката Тајлен Блонду која во 2011 година беше прогласена за најубаво девојче на светот модните лекции ги совладува со најдобри оценки. Тоа можеме да го видиме и од едно од нејзините последни изданија кога се прошета низ париските улици во темносина јакна со пердуви и тренерки од Диор, а целото издание го заокружи со црни чизми до глужд, комбинација која многу потсетува на стилот на познатите манекенки Кендал Џенер и Џиџи Хадид.
https://www.instagram.com/p/Bfq_iothcWV/?utm_source=ig_embed
Убавата шеснаесетгодишна девојка медиумите ја следат во секој чекор, а многумина ја споредуваат со Барбара Палвин и Џиџи Хадид. Таа е ќерка на фудбалерот Патрик Блонду и дизајнерката Вероника Лубри, а прв пат има застанато на модните писти на ревијата на Жан Пол Готје и тоа кога имаше само четири години.
Таа е феномен и на социјалните мрежи каде има преку 2 милиони фанови кои се нарекуваат „тајленсери“.