Сара Џесика Паркер се прослави со улогата на непоправливата романтичарка и колумнистка Кери Бредшо во хит серијата Сексот и градот
Таа во меѓувреме стана и модна икона, а нејзините вечерни и дневни изданија се преполни со интересни детали кои го привлекуваат вниманието на жените од целиот свет. 52-годишната Сара не се плаши од експериментирање и знае да ризикува, а тоа можеме да го видиме и од ова фантастично издание на познатата актерка кое може да ни преставува одлична инспирација за преодниот период.
Таа деновиве се прошета низ Менхетен во разиграна комбинација со која му се спротивстави на сивилото. Смелиот дезен на фустанот во кој преовладуваат розовите нијанси Сара го носеше со тренди сако од кадифе во индиго боја,а целото издание го заокружи со розови, шпиц салонки, чорапи до колена во малку посветла нијанса и ранец.
Па, големо БРАВО за ова издание на Сара!