Пукна тиквата меѓу познатите сестри – Ким Кардашијан и Кендал Џенер се скараа поради Вог
Не е лесно да сте дел од најславното семејство на светот, особено кога пет славни сестри водат мртва трка за своето место пред објективите
Славните сестри Ким Кардашијан Вест и Кендал Џенер се скараа поради модната Библија Вог и тоа затоа што насловната за пазарот во Индија ја доби Ким, а не нејзината помлада сестра која важи за муза и инспирација на бројни дизајнери. Според „Радаронлајн“ 22 годишната Кендал Џенер се налутила затоа што смета дека насловните на овој мегапопуларен магазин се нејзина специјалност. Според неа Ким е мајка на три деца и треба да престане да се експонира на тој начин и не разбира зошто целиот свет е толку фасциниран од нејзината сестра, особено кога модната индустрија не крие дека таа е многу поубава од неа.
Но без разлика на тоа што на Кендал не и е сеедно, сепак на насловната ќе се смешка нејзината постара сестра.
Мишел Хелер која а задолжена за бизнисот на семејството на социјалните мрежи неодамна за „US Weekly“ откри колку славните сестри заработуваат од една објава. Хелер вели дека одредени брендови мораат да платат околу половина милион долари ако сакаат Ким да ги објави на нејзиниот профил на Инстаграм, а цената е толку висока бидејќи старлетата има преку 108 милиони обожаватели, додека нејзината помлада сестра ја следат „само“ 89 , 7 милиони.