Познатите колачиња го пронајдоа своето место и во бјути светот
Нов тренд за бојадисување на коса кој за краток период стана вистински хит на Инстаграм. Станува збор за таканаречената „Мачмелоу“ фризура која може да донесе совршено освежување во вашиот изглед за новата сезона.
Трендот е инспириран од познатите колачиња кои инаку се во бела боја, додека косата Мачмелоу (Marshmallow) е комбинација од бела, сина и сива нијанса која заедно го создава динамичната и посебната боја која навистина потсетува на меките колачиња кои се топат во усните.
https://www.instagram.com/p/BczP_7fATpW/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bb3sqhJB-Nv/?utm_source=ig_embed
Трендот е најавен како голем хит за оваа пролет иако станува збор за студена нијанса, а на социјалните мрежи веќе е сеприсутен. Тој е идеален избор за русокоси девојки, но бјути гуруата тврдат дека одлично стои и на црнките и бринетите. Сепак ваква боја бара многу избелување и тонирање, па со самото тоа може и да го оштети влакното, а за нејзино постигнување потребно е време и трпение. Исто така не е едноставна и за одржување па ве советувам добро да размислите пред да направите една ваква промена.
И секако – никогаш не пробувајте да ја направите сами дома, туку задолжително посетете го вашиот фризер. А доколку се прашуваше дали ќе ве разберат во случај да не слушнале за „Marshmallow“ нијанса, тогаш најдобро е да побарате бела коса со сива, односно сребрена нијанса.