Без оглед на тоа дали правењето на вакви магични напитоци ви е нешто ново, или пак веќе сте искусни, откако ќе го погледнете овој рецепт ќе се изненадите како лесно може да направите вкусен и здравј пијалак кој ќе ви помогне да ги намалите вишокот килограми. Имено, смутито е идеален пијалок наутро, затоа што брзо и лесно можете да го подготвите, а доколку се брзате, можете да го понесете и со себе. Погледнете и уште веднаш испробајте го овој рецепт кој ќе ви помогне да се подготвите за топлите денови кои доаѓаат.
Потребни состојки:
Маркетинг
- Половина чаша јогурт
- Половина смрзната банана
- 1/4 авокадо
- Половина чаша чоколадно млеко од соја
- 1/4 чаша индиски ореви
- Половина чаша вода
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Додајте уште вода и/или млеко доколку сметате дека е потребно. За декорација можете да ставите чоколадо и/или индиски ореви.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .