И додека нашите пејачки се крстат на пари од буџетот, прочитајте ја неверојатната животна приказна на оваа девојка!
Камила Кабело со нејзиниот хит Хавана го освои светот.
Животна приказна на оваа пејачка со кубанско-мексиканско потекло навистина е интересна, но и одличен пример за „американскиот сон“. Камила на шест години со нејзината мајка ќе пребега од Куба во Америка, а денес, на 20 годишна возраст песната за нејзиниот роден град Хавана има повеќе од милијарда прегледи на Јутјуб. Нејзиниот прв соло албум „Camilla“ од првата недела по излегувањето се искачи на самиот врв меѓу најпродаваните албуми во Америка
Камила е родена во Којимар, мало рибарско село во предградие на Хавана, а родители и се кубанската архитектка Синуха Естребао и градежниот инженер од Мексико Алејандер Кабела. Нивниот живот во Куба воопшто не бил лесен, па како мала Камила заедно со нејзината мајка ќе емигрира во Америка барајќи подобра иднина. Нејзините родители одлучиле да се разделат бидејќи нејзината мајка како Кубанка имала право да побара азил во Америка, додека нејзиниот татко останал во Хавана. „Сега ми е јасно дека тоа беше храбра одлука. Иако немаше никого во Америка, мајка ми ме однесе од Куба за да ми овозможи подобра иднина. Имавме само неколку стотици долари и облека која што ја носевме во една мала торба.“ Нејзината мајка не можеше да се вработи како архитект бидејќи не и била призната дипломата, па работела како продавачка на чевли во трговски центар. На вечерни часови учела англиски јазик и по некое време добила работа како помошничка архитект лажејќи дека знае да работи во компјутерскиот програм Автокад. Но таа ќе успее да го совлада програмот за само една недела и на крај мајката и ќерката се селат во стан, а по година и пол ќе дојде и таткото на Камила кој во Америка ‘ќе претстојува илегално се до 2016.
Камила на 15 години се пријавува на талент шоуто „Икс фактор. Ја поминува аудицијата, но елиминирана е во првиот круг. И токму кога помисли дека се е готово, продуцентите и предложија да се натпреварува со уште четири натпреварувачки. Така настанува групата „Fifth Harmony“, а познатиот британски продуцент Симон Ковел на ист начин ја создаде и групата „One Direction“, па така и овој пат тоа се покажа како добитна комбинација. Имено, за многу брзо време „Fifth Harmony“ станува вистинска сензација, а за само четири години постоење заработиле 1.6 милијарди долари само од преслушување на песните преку интернет. Но тензиите меѓу Камила и останатите девојки стануваат се почести па младата Кубанка во 2016 ќе ја напушти групата.
Кога го напушти бендот, останатите девојки и замерија, а и јавноста почна да ја напаѓа преку социјалните мрежи. Но Камила не се откажа од својот сон. Таа целото време додека беше со „Fifth Harmony“ секој слободен момент кога беа на турнеи го користеше да пишува стихови. Додека останатите девојки се забавуваа, таа знаеше да се затвори со часови во тоалетот од хотелската соба и на лаптопот со програми за музика да снима песни. Притоа го пуштала телевизорот за останатите да не ја слушнат што прави. За неа времето поминато со „Fifth Harmony“ преставуваше затвор, па откако го напушти бендот се обиде да направи нешто малу поразлично, односно музика каде ќе се слушне нејзиниот глас. Но онака како што таа сака, без да мора постојано да пее туѓи песни.
И Камила успеа во тоа!