Холивуд

Сопругата на Џорџ Клуни во најнеобичните панталони што сме ја виделе досега

Advertisement

Никој не е совршен

Advertisement

На ова не потсети и 40 годишната Амал Клуни која иако важи за една од најпознатите модни икони, и таа, впрочем како и секоја друга жена, може да погреши! Новопечената мама изгледа елегантно и гламурозни без разлика дали станува збор за премиера, деловен состанок или опуштена викенд прошетка со пријателките или сопругот. Но кога е во улога на мајка очигледно најважна и е удобноста (како и на секоја од нас, нели?), а тоа го покажуваат и овие фотографии на кои можеме да ја видиме убавата адвокатка во малку нетипично издание пред познат бјути салон во Беверли Хилс.

Имено, Амал деновиве го посети козметичкиот салон „Cristina Radu European Skincare” облечена во црна маица со кратки ракави и необични, широки розови панталони со кои носеше чизми до глужд.

Advertisement

И во својот препознатлив стил целата комбинација ја заокружи со гламурозна чанта „Horizon“ од модната куќа „Givenchy“. Но дури и чантата, за која треба да издвоите преку 3000 долари, не успеа да ја поправи комбинацијата во која Амал изгледаше како Ем Си Хамер.

Но бидејќи познатата адвокатка за човекови права важи и за една од најголемите модни икони на денешницата, и многу ретко греши, нејзе сé и е опростено.

А дека навистина го заслужува местото меѓу најдобро облечени дами на светот можете да се уверите и од фотографиите во продолжение на кои можете да видите неколку нејзини комбинации откако стана мајка на близнаци.

Па, дали ви се допаѓа стилот на Амал?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button