Реклама
СтилХоливуд

Овие панталони ќе бидат хит и во Македонија – поради Меган Маркл нивната продажба се искачи за неверојатни 40 отсто!

Реклама

Меган Маркл во моментов важи за една под најпознатите модни икони на светот

Откако беше објавено дека 36 годишната актерка е во врска и ќе му биде сопруга на принцот Хари јавноста не престанува да се интересира за неа. Со еднаква страст жените од цела Америка и Велика Британија ги копираат нејзините модни комбинации, па така сé што ќе облече за краток временски рок го снемува од полиците на продавниците. Според модните гуруа ова е само почеток на таканаречената „Меганманија“, а слично беше и со војвотката од Кембриџ и нејзиниот „Кејт ефект“ како што го викаа медиумите.

Маркетинг

Откако Меган се прошета во Единбург побарувачката за црни широки панталони порасна за 40 отсто, известува „Lyst“, што несомнено укажува дека многу жени го сакаат стилот на поранешната ѕвезда од серијата „Suits“, односно идната сопруга на принцот Хари.

Маркетинг

Од друга страна пак и естетските хирурзи тврдат дека Меган има влијание и на индустријата со пластичните операции, па така денес се повеќе жени доаѓаат во ординациите со нејзини фотографии во рацете.

Таа конечно успеа да ја симне од тронот Кајли Џенер, младата ѕвезда која цели три години ги имаше најпопуларните усни на светот кои секоја девојка сакаше да ги копира.

Но на трендот со видливо зголемени усни за кој најмногу е виновна токму Кајли, која само на 17 години го зголеми усните до неприродна големина, конечно му дојде крајот. Како што пишува британскиот „Look“ сега кај хирурзите најмногу се бараат усни какви што има Меган Маркл.

Фото: Popsugar, Instagram

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button