Реклама
Вирално

Грчките спасители се најодговорни за смртта на планинарите Калина и Александар?

Реклама

Дали Калина и Александар можеа да бидат спасени?

Ви го пренесуваме во целост фејсбук статусот на Влатко Деловски од Битола во кој тој од податоците што досега ги објавија македонските и грчките медиуми прави анализа што се случувало во тие критични моменти, на 10 февруари 2018 година, кога трагично загинаа нашите млади планинари Калина Велевска (27) и Александар Миновски (35). Влатко и самиот е искусен планинар и алпинист, но и лиценциран професионален водич во планина по „International Mountain Leader“ стандард, член на МАИВП (Македонска Асоцијација за Интернационални Водичи во Планина).

Маркетинг

„Овие денови кога преку социјалните мрежи и дел од македонските телевизии се компромитира угледот на ФПСМ (со право или не – не знам), заради наводниот фингиран извештај/хронологија во кој имало повеќе недоречености (и за тоа не знам, ќе почекаме да видиме), сакам да кажам дека се промашува целта и се насочуваат дискусиите во погрешни правци. (Тоа е така зашто новинарите не се упатени во оваа проблематика, просто не се спремни за овие теми). Ете вчера, на пример, на ТВ 24, иако прашањето на тв-анализата беше: „Можеше ли да се спречи трагедијата?“, воопшто не се одговори на тоа прашање. Но нејсе… Прво, одговорот е дека можеше, а причините за смртта (според информациите што ги имаме) мислам дека се од СУБЈЕКТИВНА природа, т.е од човечки фактор, НО НИКАКО од условите на планината. Што причини планинарите да не се движат, а не биле повредени? Поточно, зошто чекајќи, би се рекло без борба, ја дочекаа својата смрт??? Тука може да има многу широк спектар на прашања, оти сепак човекот по основ на својата природа се бори против смртта? Меѓутоа, уште еднаш МЕЃУТОА, НАЈГОЛЕМАТА вина паѓа врз спасителите. Да бидам јасен, ГРЧКИТЕ СПАСИТЕЛИ НЕ БЕА НА ВИСИНА НА ЗАДАЧАТА! Е сега вака…, во 14 ч во потрагата (во која претходно трагаат 3 спасители вработени во центарот, планинари и 8 лица вработени на жичарите, два ратраци и една моторна санка) се ПРИклучуваат и 25 спасители од кои 5 мина биле од Специјалната Единица за Спасување со Катастрофи (СЕСК) од Солун. Значи вкупно околу 40 луѓе!!! Што правеле спасителите сите тие 10 часови, иако добиле по прилично точни информации (пр. ние сме добри и засолнети сме под карпа, веројатно им кажале и дека по неколку минути одење од врвот се изгубиле итн, оти, сепак, иако уплашени БИЛЕ свесни, значи соработувале – одржувале комуникација). Каде барале и што правеле спасителите, кога знаеме дека само таму, под врвот, има карпест терен (10тина метри високи карпи и максимум 100 м должни)? Подоцна, откако го лоцирале телефонот на Александар на неколку метри од врвот, во 22 ч. ги пронашле планинарите. Едниот бил сеуште во свесна состојба, а планинарката не покажувала знаци на живот ниту на чувствителност, веројатно била почината (според информациите). Како можеле под такви услови (како што велат лоши) толку лесно да утврдат дали некој е жив или не? Нели, било ладно, ветровито итн. Видете… за да провериш некого дали покажува знаци за живот, чувствителност и сл. треба да дојдиш до него. Зошто спасителите вечерта не ја зеле Калина, која можеби била во кома, но и да била почината, од етички причини требало да ја земат, нели? (Една од причините зошто мнозина од докторите не се откажуваат од пациент со хипотермија, кога тој се чини мртов, е затоа што може да покаже знаци на живот кога ќе се загрее). Потрагичното во сево ова е што Александар, кој дури го извлекувале бил во СВЕСНА состојба, се откачил од „ременот“ (веројатно некој проблем со преводот, можеби тоа било појас, јаже, каков ремен???), па го оставиле, оти демек паднал во поголема провалија (а знаеме дека таму, под карпите, се ливади). Меѓутоа и да била „длабока провалија“ – што не е, од етички аспект на професионалци (спасители) е рамно на убиство! Маче или куче да падни ќе одиш да го спасиш, а не човек, кој бил во свесна состојба! Пазете, во свесна состојба!!! Тоа и покрај што без преседан е нивна должност и обврска, згора на СЕ, за човечки живот се работи. Како имале душа човекот кој бил свесен да го остават горе да замрзни? (дури другиот ден ги извлекуваат телата). Изговорот за прекинот на акцијата е тотално дрзок, демек временските услови биле лоши и не се гледало. Ма немој!? За споредба, ние за ќеиф или за загубена челна ламба сме оделе по такво време, но и ПО МНОГУ полошо. Ќе нагласам ЗА ЌЕИФ, а камоли кога се работи за човечки живот. На крај, ќе прашам зошто грчкиот извештај е насочен токму против нивните (грчките) спасители, кога, и да било така, можеле да го фингираат извштајот? Демек толку се фер? Оти секој нормален човек кога би го читал ќе сфати дека вината паѓа врз грчките спасителите. Да не има нешто друго што ја крие вистината од јавноста? Мислам дека оваа шерлохомска истрага има многу скриени поглавја, отколку тоа што се прикажува.“

Маркетинг

Еве како изгледа теренот кога нема снег

Од фотографијата секој може да дојде до заклучокот дека кога планинарите би се спуштиле малку подолу би дошле на самиот пат од каде подоцна спасителите многу полесно би можеле да дојдат и да ги соберат со санките. Зошто не им било кажано така и зошто воопшто не биле на време лоцирани кога само на ова место има карпи, сега за сега останува непознато. Но она во што сме сигурни тоа е дека во целата оваа трагична приказна има многу недоречености.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button