Откопчана кошула е во тренд, но ова е премногу, па дури и да ги има најубавите гради на светот!
Се прослави со нејзината улога во „Чувари на плажата“
Шарлот Мекини (24) се прошета низ улиците на Лос Анџелес во провокативно издание на кое никој не можеше да остане рамнодушен. Познатата актерка и манекенка носеше тесни бордо кожни панталони, бела кошула и опасни високи потпетици во нежна розова нијанса, а во центарот на вниманието беше нејзиното деколте со кое ни откри дека градникот го оставила дома.
Нема некој што не се запраша како потполно откопчаната кошула, под која не носеше ништо, ги задржа нејзините бујни гради по кои е позната.
https://www.instagram.com/p/BabioOmnF7Y/?utm_source=ig_embed
Некако се остана на свое место иако многумина и замерија на манекенката бидејќи носеше ваква облека сред бел ден. Но таа очигледно не се грижи премногу за негативните коментари, а тоа можеме да го видиме и од нејзините разголени фотографии кои редовно ги објавува на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BdTMkcPHvqF/?taken-by=charlottehearted
Инаку, неодамна од странските медиуми разбравме дека 24 годишната Шарлот своевремено била во врска и со поранешниот сопруг на Меган Маркл, идната сопруга на принцот Хари.
(Daily Mail)