Избегнувајте ги: Утрински навики кои влијаат на вашето здравје и расположение
Доколку наутро се чувствувате мрзливо, поспано, депресивно, постојано доцните и не сакате да станете од кревет – ова се можните причини кои треба да ги искорените што е можно побрзо.
Спуштање ролетни и завеси
Иако е примамливо да останете во мирна и темна соба, обидете се да го избегнувате тоа. Дневното светло му помага на телото да се разбуди на природен начин. Со сончевата светлина полесно ќе размислвуате и ќе имате повеќе сила.
Одложување на алармот
Баш тие дополнителни 15 минути ви требаат за да се одморите, така? Погрешно! Најодморени ќе се чувствувате доколку уште веднаш станете од креветот и секојдневно легнувате во исто време.
Пребрзо станување од креветот
Ако премногу брзо станете од креветот, тогаш може да ви падне крвниот притисок и да почувствувате вртоглавица. Наместо тоа, седнете на работ на креветот и дајте му на телото неколку секунди за да се навикне на новата положба.
Прескокнување на утринското кафе
Доколку имате навика наутро да пиете кафе, тогаш не прескокнувајте го затоа што може да почувствувате главоболка. Ако сакате да го намалите внесот на кофеин, правете го тоа постепено.
Прескокнување на појадокот
Личностите кои редовно појадуваат размислуваат појасно, послаби се и имаал помала веројатност од заболување како што е дијабетес и срцеви заболувања.