Никогаш не заборавајте дека личностите родени во овој хороскопски знак се неодоливо шармантни и постојано насмеани, но тоа не значи дека по секоја цена може да бидат ваши. Таквите незаменливи личности се Вагите. Вагата е знак со кој владее Венера, па жената родена во овој знак е во постојана потрага за хармонични односи. Во љубовта, Вагата бара совршена рамнотежа помеѓу телото и духот и партнер кој ќе ѝ подарува радост и скапоцени моменти. Таа ужива кога е сакана и кога е целосно посветена на својот избраник. Иако Вагите делуваат смирено, тие може да бидат многу „откачени“ кога малку ќе се опуштат. Жената Вага не игра игри кога е заљубена. Многу е внимателна, а понекогаш и болно искрена. Па, со неа не треба да си играте, затоа што тоа не би било фер!
Жената Вага со својот поглед го освојува светот околу себе, а секогаш е подготвена да ја согледа и другата страна, при што лесно можете да направите компромис. Нејзината рационалност и ладна логика совршено се подготвени да ги согледаат проблемите од сите аспекти и секогаш се спремни да се постават во нечија туѓа позиција. На другите може да им делуваат неодлучни, меѓутоа, тие само се обидуваат да ги разберат оние кои се во тешка позиција. Ним им е потребен партнер кој ќе им даде совет и поддршка, а притоа бараат хармонична и силна врска. Најмногу се сложуваат со Близнаци и Водолии.
Како да заведете жена Вага?
Жената Вага ужива да биде во центарот на вниманието и сака да ја третирате како да е најважната личност на светот. Доколку сакате да заведете ваква жена, тогаш прво треба да бидете добар слушател, а потоа да бидете и одлични во конверзацијата. Жената Вагта обожава да зборува за најновите случувања, а најмногу за себе и за своите интереси. Доколку ја охрабрите во овој поглед, за неа ќе бидете неодоливи. Во текот на својата младост, тие се особено диви и влегуваат од една афера во друга, но, како што стануваат постари, така се смируваат.
Доколку сакате да заведите жена Вага, мора да се потрудите да ги исполните нејзините најдлабоки желби. Однесувајте се со почит кон неа, а никогаш нема да ѝ здосади доколку ѝ кажувате колку е прекрасна. Се прашувате дали некогаш треба да престанете да ѝ угодувате? Секако дека НЕ! Таа е кралица и никогаш не треба да го заборавите тоа!