Генијални трикови како брзо да ја исушиме косата без фен
Фенот ја оштетува косата, а чекањето да се исуши сама во текот на зимскиот период, е нешто што трае цела вечност, а е и опасно по вашето здравје.
Погледнете ги овие трикови кои ќе ви помогнат процесот на сушење на косата да го сведите на минимум.
Користете регенератор
Брзото сушење на косата започнува уште при туширањето и тоа со помош на регенераторот. Поради силиконите кои се вградени во неговата текстура, регенераторот ја одбива водата и апсорбира помалку влага, па со самото тоа ѝ овозможува побрзо сушење на косата.
Провлечете памучна блуза преку вашата глава
Овој трик особено е корисен за виткана коса. Едноставно ставете памучна блуза преку вратот, како да сакате да ја облечете, а потоа отстранете ја. Таа ќе ја апсорбира вашата влага, а притоа е и особено нежна.
Користете производи за брзо сушење
Сите оние кои се натрпеливи, може да купат производи за брзо сушење на косата. Полимерите кои ги содржат овие производи, помагаат за побрзо сушење на косата.