Познатата холивудска актерка како грчка божица
Анџелина Џоли заблеска на доделувањето на наградите на Американското друштво за кинематографија во Холивуд. Убавата актерка беше и наградена за нејзиното допринесување на филмската уметност, но она со што најмногу привлече внимание сепак беше нејзиниот фантастичен изглед. Имено Анџелина за оваа пригода носеше креација со златни детали од Ели Саб поради кој медиумите ја опишаа дека изгледа како грчка божица. Фустанот кој на одредени делови е проѕирен откриваше таман онолку колку што е пристојно за еден ваков настан за високото друштво што не ја спречи познатата актерка да изгледа неверојатно секси.
https://www.instagram.com/p/BfVPRWQBkc_/?utm_source=ig_embed
Анџелина целиот изглед го заокружи со дијамантски обетки, прекрасна фризура и неутрална шминка со благо нагласени очи.