Се врати во форма, па се прошета само во џемпер – Ох не, мамо, ги заборави панталоните!
Познатата русокоса актерка Блејк Лаjвли има беспрекорен стил
Таа се породи минатата година и се уште ретко се појавува во медиумите, но очигледно не можеше да и одолее на њујоршката модна недела, па можевме да ја видиме на ревијата на Мајкл Корс каде покажа два неверојатни стајлинзи. Имено, ѕвездата од хит серијата „Трачерки“ се појави во бела кушула-фустан преку кој носеше црвен капут од ПВЦ од генијалниот дизајнер. Ефектниот капут го носеше како фустан, со стегнат ремен и раскопчан во долниот дел (трик кој ќе си го забележиме во тефтерчето), а целиот стајлинг го подигна со високи потпетици од Кристијан Лобутин украсени со црвено срце и црвена чанта со потписот на Луј Витон.
Покрај оваа комбинација Блејк беше забележана и додека излегуваше од една зграда во Њујорк исто така во поприлично интересно и провокативно издание. Овој пат не беа во прашање нејзините омилени лобутинки, туку рамни високи чизми (Valentino) кои ги носеше во комбинација со сив, предимензиониран џемпер од Хајдер Акерман, a преку рамениците носеше лежерно префрлен „teddy“ капут во сина боја од лондонската модна куќа „Burberry“.
Инаку, актерката е позната и по тоа не ретко што знае да се пошегува на своја сметка па овој пат на Инстаграм ја сподели реакцијата на нејзината постара ќерка која пред излегување ја прашала дали ги заборавила панталоните.
„Вистинска приказна – додека се затвораше вратата од лифтот, мојата ќерка дотрча и ми викна ’Ох не, мама, ги заборави панталоните’“, напиша убавата Блејк на својот Инстаграм
Па кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?