И покрај тоа што на 32 години ја отстрани матката, таа НЕ се откажува од мајчинството
Познатата актерка ја опиша болката низ која што поминува
Лина Данам во текст што го напиша за американскиот Вог откри низ каков пекол поминува. Таа отворено изјави дека направила хистеректомија по долгата борба со ендометриоза. 31 годишната актерка вели дека по 10 години борба со болките конечно одлучила да донесе одлука да ја отстрани матката за што и беа потребно дури девет зафати. Најтежок период и беше во август минатата година, кога болките животот и го направија вистински пекол. Не и помагаше ништо, како што вели таа, ни масажа, јога, ни акупунктура.
„Тогаш решив да се пријавам во болница и кажав дека не заминувам се додека болките не престанат“ вели таа. Во следните 12 дена докторите не знаеле што да прават со неа.
Лина во нејзиниот текст меѓу другото зборува и дека сега најтешко и е што нема да може да остане бремена. Но, не се откажува од идејата за мајчинство. „Се чувствував како да немам избор, но сега знам дека имам. Набрзо ќе проверам дали она нешто што остана од моите јајници произведува нешто. Покрај тоа, посвојувањето е прекрасна работа на која можеби ќе се одлучам“ пишува таа.