„Да делите кадар со него беше величествено!“ – познатата актерка со солзи на очите одржа емоционален говор за Небојша Глоговац
Една од последните улоги на Небојша Глоговац беше во новата српска историска серија за Неманиќи …
На вчерашната прес-конференција на серијата која наскоро треба да почне да се емитува на националниот сервис во Србија, актерката Слобода Миќаловиќ Ќетковиќ имаше посебен говор кој го посвети на нивниот колега кој прерано ги напушти. „ Сакам да кажам и да потсетам дека од се најубаво ми беше, и тоа не само затоа што нашиот кум Небојша повеќе не е меѓу нас, туку затоа што долго време сакав да делам кадар со него. И тоа се случи. Тоа беше она најубавото. А да делите кадар со него е величествено“ изјави актерката на конференцијата.
Конференцијата и започна со прикажување на сцени во кои Небојша Глоговац го толкува ликот на Вукан Немањиќ. И додека на платното се гледаше актерот, во салата беше тишина. „Да го гледате денес него беше величествено и тажно“, истакна Слобода со солзи на очите додека разговараше со новинарите од српскиот портал Блиц.