Таа важи за најпознатата плус-сајз манекенка во регионот
Шармантната Хрватка постојано се обидува да ги промени ставовите кои се закоренети во нашата средина, а тоа е дека несе само слабите жени убави. Таа нема проблем да се соблече и да го покаже своето тело обидувајќи се на тој начин да докаже дека секоја жена е убава на свој начин. И таа успева во тоа.
Станува збор за Луција Лугомер, млада девојка од хрватска која на социјалните мрежи редовно споделува фотографии од нејзиното разголено тело. Таа неодамна објави фотографија на која позира во провокативна долна облека од тантела, а со која ни покажа дека и жена со вишок килограми може да изгледа мошне секси, па можеби и повеќе од оние кои се само „коски и кожа“.
Таа доби бројни позитивни коментари и комплименти, особено поради пораката што ја остави под фотографијата, а во која објасни што е она што и дава самодоверба и храброст.
https://www.instagram.com/p/Be6G4FCjo4k/?taken-by=lusiluer_plussizemodel
„И навистина, доживејте го своето тело на лично ниво. Танцувајте, движете се, гледајте го своето тело како совршено битие кое навистина со некоја посебна причина со годините се развива, живее и старее. Против годините не можеме и зошто да се бориме кога со нив едноставно можеме да се стопиме во совршена целина? Секојдневно гледам жени кои се толку срамат од своите години, од своето тело, своите облини и се однесуваат кон него како да им е најлошиот непријател или го знаете она ’тоа никогаш нема да биде доволно добро’. Гледаат на своето тело како да е една голема М.А.А.Н.А. Ох, погледни ги стриите, ох види пернички под пазувите. Оф. И што сега? Ќе плачеме и ќе се обвинуваме самите себе? Зошто? Животот навистина е прееееекраток за да си го трошиме на такви работи.. јас избирам да бидам своја, таква – несовршено-совршена.. И избирам да се играм и уживам во животот. Обидете се и вие, нема да се покаете.. и како телото ќе ви биде благодарно? Таквите шифри и пресметки ги немам, тоа ќе морате сами да го откриете“ – го напиша оваа прекрасна дама под фотографијата.
И во право е, нели?