Неколку неодоливи тексас модели од полиците на „H&M“
Познатата манекенка и актерка Суки Вотерхаус заедно со моделите Ане Галагер и Адонис Бос снимаше кампања за познатиот шведски хај-стрит бренд „H&M’ и тоа за новата колекција од тексас за која можеме слободно да кажеме дека е сé, само не обична. Тоа можете да го забележите и на прв поглед бидејќи тексасот оваа сезона ни доаѓа во најразлични бои и разноразни кроеви. Од светло розеви или жолти тексас јакни до „boyfriend“ или широки фармерки со ремени направени од истиот материјал, во продавниците на овој познат бренд дефинитивно ќе пронајдете по нешто за сечиј вкус.
„Тексасот е како празно платно преку кое можете да ги изразите вашите чувства. Тоа е како да имате плакар на својот живот каде постојат толку многу различни начини за комбинации со овој материјал. Тој не инспирира со свежи идеи да го истражуваме нашиот сопствен стил“ вели Суки, ѕвездата на оваа кампања.