Овој тренд им е одвратен на многу Македонки, но Северина го носи и изгледа одлично!
Ново викенд издание на познатата хрватска пејачка
Северина важи за една од најголемите модни икони на овие простори, а својот статус го потврди и со една од нејзините последни комбинации што ја објави на нејзиниот профил на социјалните мрежи. Овој пат во прашање е издание што го носеше по настапот во Дубровник, а во центарот на вниманието е долгиот син фустан со риги кој го комбинираше со разиграна кратка јакна и потполно откачен спој на чевли и чорапи. Да, ова е тренд кој судејќи според коментарите на социјалните мрежи не им се допаѓа на многу девојки, а меѓу нив има и дами од Македонија, и покрај тоа што важи за еден од најпопуларните за оваа пролет. Севе го „фураше“ со шпиц салонки од модната куќа „Prada“ и впечатливи жолти чорапи.
https://www.instagram.com/p/BfBqW2RAheb/?utm_source=ig_embed
Па, што велите за ова необично издание на Северина?