Реклама
Новости

Калина замина прерано, а оваа приказна е нејзиниот последен текст од Планинарскиот дневник

Реклама

„На врвот го споменавме Перо Стрела кој минатиот викенд не напушти на Шар Планина, но и на другите другари кои прерано си заминаа…“

Планинарите жалат по Калина Велевска и Александар Миновски кои прерано си заминаа

Маркетинг

Сите планинарските здруженија во Македонија се во шок и неверување откако се дозна веста дека младите планинари планинарка Калина Велевска (26) и Александар Миновски (35) загинаа на Кајмакчалан.  Тие беа дел од екипата на „Трансверзалец“ која го организираше искачувањето на врвот. Според информациите Калина и загинатото момче се изгубиле и одвоиле од својата група која се соочила со многу тешки временски услови (види тука). Најверојатно паднале во бездна што било фатално за нив.

Нивните безживотни тела вчера беа извлечени од страна на грчките служби за безбедност и пренесени на македонска страна.

Маркетинг

Инаку, Калина водеше планинарски дневник на порталот Mis.com.mk, а еден од нејзините последни натписи беше за планината „Клепа“, каде повторно беше со колегите планинари од „Трансвезалец“. Таа тогаш напиша: „ Кога во четвртокот на состанокот со ,,Трансверзалец” разбрав дека за акцијата на Клепа се пријавени преку 200 луѓе од голем број градови од Македонија, знаев дека тоа е единственото место каде што ќе одам во недела. Бев многу среќна, еден месец паузирав од планините и бескрајно ми недостасуваа и во саботата како по шаблон се спакував и си легнав рано, со доза возбуда за тоа што не чека утредента.“

Потоа Калина пишува за убавините на овој дел од Македонија, а во еден момент опишува како било на врвот каде се присетиле на планинарот Перо Стрела кој само една недела претходно трагично загина на Шар Планина.   „Горе беше идилично. Седнавме да одмориме и да се освежиме, уживајќи во силното сонце над нас. Сите бевме весели и расположени и коментиравме дека Клепа иако ниска, не е врв за потценување. Во околината се гледаа другите планински врвови и масиви и имавме прекрасен поглед. Го спомнавме Перо Стрела кој не напушти минатиот викенд на Антени на Шар Планина и другите другари кои прерано си заминаа. Заклучокот од тие муабети секогаш е еден – да се шета, ужива и истражува додека се може, тоа е единствената работа што го забавува стареењето и му дава вистинска смисла на животот.“

И на крајот од текстот, Калина вели:

„Додека одев по патот, си размислував колку километри имам поминато низ нашата земја и колку предели, планини, села, мостови, манастири и џамии имам поминато во овие наши прошетки. А потоа помислив и на луѓето кои ги среќавав по патот, кои ми станаа другари од првото ,,Здраво” и кои кога и да ги видам чувствувам радост и среќа, зашто ме потсетуваат на најсреќните и најбезгрижни денови. Ве сакам и ви благодарам на сите.“

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button