Реклама
Коса

Ни пристигна новиот производ за подобар волумен на тенка коса за кој сите зборуваат

Реклама

Го пробавме и се воодушевивме

На рекламите на производите за нега и стилизирање на коса секогаш гледаме девојки со бујна, убава коса, полна со волумен која потскокнува здраво и блеска во сиот свој раскош и сјај. Но во реалноста многу малку жени имаат таква коса и повеќето постојано во своите влакненца пронаоѓаат по некоја причина за незадоволство. Ова се однесува и на жените кои по природа имаат тенка и безживотна коса и кои секојдневно бараат производи со кои ќе им изгледа побујно и со волумен. Па доколку барате дополнителна густина за вашите тенки прамени, знаете и сами колку е тешко да се најде производ кој ќе ги подигне вашите влакна и ќе има формула која навистина делува и ќе биде ефектна и неколку часа по нанесувањето. Но на странскиот бјути пазар се појави еден нов производ за кој во последно време многу познати блогерки постојано зборуваат и кои се воодушевени од волуменот што го дава на тенката коса.

Маркетинг

OUAI Haircare е еден од оние брендови за нега и стајлинг на коса кои важат за мошне познати во светот на фризерите. Брендот го лансираше една од омилените фризерки на познатите дами, Џен Аткин, а нејзиното богато искуство работејќи со најпознатите и овозможи да открие кој точно производ недостасува на пазарот и потоа сама да го осмисли и понуди. Сите OUAI производи што се во нејзината понуда се покажаа како големи хитови, а тоа е така и со нејзиниот најнов Volume Spray  производ. Станува збор за спреј за волумен кој воопшто не се чувствува на косата, а ја подига од корен и нуди долготрајни резултати (го пробавме и се уверивме дека навистина е така). Наменет е за сите видови на коса, но посебно за оние со тенка и безживотна. Се нанесува на влажна коса, и кога се нанесува од корен до врв волуменот е нагласен и целодневен, а доколку се брзате, може да го нанесете и на сува коса, за брз и впечатлив инстант лифтинг ефект.

Маркетинг

Се што треба да направите е да нанесете лежерно, да поминете со прстите низ косата и ефектот е тука. Брзо и ефикасно.

Производот можете да го порачате преку интернет  >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button