Реклама
Кафе муабет

Еден од најпознатите плус-сајз модели покажа како изгледа без Фотошоп – сите се изненадени од разликите

Реклама

Кога ќе видите плус-сајз модел секогаш се прашуваме како им успева да изгледаат толку убаво на фотографиите, а нам никогаш?!

Но оваа плус-сајз манекенка реши да ни открие во што е трикот. И како што најверојатно претпоставувате и самите, тајната се крие во Фотошоп. Погледнете како таа изгледа без оваа апликација. Во прашање е Латеција Тома, модел од Мелбурн, која сподели на Инстаграм фотографии од пред и по ретуширање.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BeYz9f8lXBH/?utm_source=ig_embed

„Она што го гледате во медиумите и на социјалните мрежи не е целосна вистина. Овие фотографии направени се во ист период. Едната е ретуширана, а другата не. Кога ќе ги погледнам сликите од левата страна, се прашувам дали тоа сум јас. А ако јас самата НЕ можам да замислам дека сум таа жена (а истовремено сум) можам да замислам какви последици имаат овие слики кај другите жени. Ги сакам моите големи раце, целулит, моето салце на грбот и целулитот на задникот. Не можам секогаш да контролирам колку и дали луѓето ги ретушираат моите фотографии, но на Инстаграм секогаш можам да бидам искрена со вас. Мислам дека и двете слики се преубави, но и дека морате да бидете искрени со себе и да сфатите дека не треба да изгледате како совршен модел од насловните страни за да знаете дека вредите“ – порача оваа 26 годишна манекенка.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BcX56kXFt-3/?taken-by=lateciat

Таа инаку често ги охрабрува своите следбеници да го сакаат своето тело. Потсетник дека сите имате бикини тело без разлика на бројчето што го носите, напиша таа и под оваа фотографија.

https://www.instagram.com/p/BcAZDyHFiDR/?taken-by=lateciat

Поради тоа таа редовно добива позитивни коментари од своите фанови, а тоа воедно и дава сила редовно да ја покажува вистината зад секоја фотографија која што е обработена во фотошоп пред да биде објавена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button