Најдобрите модели за преодниот период
Пред неколку дена во Париз беше претставена новата колекција на „Masimo Dutti“. Нивната по ред втора ревија беше во знакот на тексашкито град Марфе кој е сместен во пустина, па во овој контекст беше претставена и колекцијата во валкани розеви нијанси, жолта боја и неизоставните црни и бели тонови.
Секако, ревијата не можеше да помине и без најпознатите модни имиња на социјалните мрежи кои ни покажаа дека во продавниците на овој бренд ќе ги најдеме сите модели за кои сме сигурни дека наскоро ќе ги гледаме и на нашите улици.
Не ни верувате?
Тогаш погледнете ја оваа прекрасна облека со риги и карирани дезени, сакоа, неодоливи „palazzo“ панталони и што ли уште не што го пронајдовме на Инстаграм под хаштагот #dressedindutti