„Убава ко Барбика, слатка ко Милка чоколада“
Нашата атрактивна пејачка покажа дека успеа во намерата да се стегне по раѓањето на малата Хана и конечно може да се пофали со фантастична линија, а тоа посебно се познава кога ќе скокне во тесни, провокативни модели. Токму со една таква комбинација се пофали неодамна на социјалната мрежа Инстаграм. Пејачката сподели фотографија на која позира во мошне провокативно издание, а сите очи беа вперени во нејзиното разголено деколте.
https://www.instagram.com/p/BenjlJVAhaX/?taken-by=tamaratodevska
Тамара едноставно блескаше во ова провокативно издание и притоа воопшто не изгледаше вулгарно, туку крајно сексапилно и елегантно. Комбинацијата е проследена со преубава шминка и фризура, а следуваа и бројни комплименти од кој ќе го издвоиме оној во кој еден нејзин пријател и порачува:
„Убава ко Барбика, слатка ко Милка чоколада!“