Реклама
ТрендовиШопинг

Погледнете како оваа скопјанка го „фура“ трендот што го носат и многу познати трендсетерки

Реклама

Совршен тренд за првите пролетни денови 

Леандра Медине

Маркетинг

Пред нешто повеќе од година дена сите чудно гледаа во нозете на Сара Џесика Паркер кога низ улиците во Њујорк „фураше“ сандали под кои носеше чорапи. Овој тренд го носеше и Кендал Џенер, а според модните магазини главен виновник за неговата популарност е стилистката на визуелниот идентитет на албумот „Lemonade“ на Бијонсе која многу добро знаеше што прави. Не требаше долго да чекаме овие фенси чорапи да се појават и на модните писти, а богами во исто време и кај некои девојки од Македонија кои очигледно будно ги следат трендовите (погледнете ја фотографијата што следува). Денес многу познати дизајнерски брендови во својата понуда имаат и чорапи кои совршено стојат со нивните сандали. Тука ќе ги споменеме металик чорапите со потписот на „Isabel Marant“ кои досегаат до средина на листовите или моделот од „Gucci“ со нивното препознатливо лого, а кои меѓу првите ги „фураше“ Ријана. На овој тренд му се приклучија и дизајнерските брендови „Prada“, „Balenciaga“ и „Nº21“ , а за оваа пролет се појавија и првите модели од комерцијалните модни куќи. А кога веќе станува збор за нив, сигурни сме и дека овој тренд многу брзо ќе ги освои и нашите ИТ девојките на Инстаграм, особено затоа што имаат далеку пониски цени (инаку, за повеќето дизајнерски модели што ги спомнавме погоре треба да издвоите и повеќе од 150 евра)

https://www.instagram.com/p/BatRDs9H4b8/?taken-by=gurgicaamilos

Маркетинг

 

Ана Бацингер

Алекса Чанг

Љупка Гојиќ Микиќ

Valentino

Nº21

Marni

На следната страна погледнете уште неколку шик модели >>


Balenciaga

Prada

Mango

Mango

Gucci

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button