Ниту еден нов тренд со кои постојано сме бомбардирани преку социјалните мрежи не може да се мери со магијата на овој страстен, безвременски класик
Кога не е во теретана, нашата позната водителка негува елегантен, женствен стил на кој едноставно НЕ можеме да останеме рамнодушни. Убавата водителка речиси секогаш е во чекор со трендовите, а од нејзините комбинации можеме да забележиме дека ја цени класиката и безвременските парчиња. Па така најчесто ја гледаме во фустани, сакоа, здолништа со молив крој, комбинезони и фини елегантни панталони, а овој пат не воодушеви со еден класичен модел. Имено, на фотографијата што ја објави на социјалните мрежи Марјана носи фустан кој никогаш нема да излезе од мода, нешто во кое што водителката сега само дополнително не увери. А бидејќи нејзиниот црвен фустан доживеа мејковер, односно направен е од впечатлив материјал и со интересен детаљ во пределот на деколтето, можеме слободно да кажеме дека оваа девојка знае како да ја извади до максимум магијата на црвената боја.
https://www.instagram.com/p/Bdibu_3jNb6/?taken-by=marjanamay
https://www.instagram.com/p/BdNoY_zDcZT/?taken-by=marjanamay
https://www.instagram.com/p/Bds3vXPDRIT/?taken-by=marjanamay