Ефектно издание за кое не ви треба премногу мудрување…
Уште пред неколку сезони ви пишувавме за трендот со скинатите фармерки (види тука). Тие преку ноќ станаа вистински хит, а новина е што овие модели сега можат да ги „фураат“ и девојки кои имаат над 30 години. Да, тие одлично се вклопуваат со лежерни парчиња и важно е само добро да ги комбинирате и нема да погрешите!
https://www.instagram.com/p/Be0fNVMlo67/?taken-by=lilafilipovska
Тоа ни го покажа и нашата позната водителка Лила Филиповска со ова фантастично издание во кое покрај скинатите фармерки главен збор го имаат и крзнената бундчика и чантата со лого од Луј Витон кои исто така се голем хит оваа сезона. И ако сето тоа го заокружиме со ролка во нежна розова нијанса, шик високи потпетици и ретро очила за сонце ќе добиете ефективно зимско издание за кое не мора премногу да мозгате, а ќе изгледате совршено.
Браво!