Реклама
Новости

Сопственичка на фитнес клуб казнета со 60.000 денари бидејќи пуштала музика на Јутјуб?

Реклама

Не сме единствени на Балканот со превисоки, бизарни казни!

Прекршочниот суд одреди поприлично строга казна за еден фитнес клуб во Карловац, Хрватска и на тамошната директорка бидејќи преку каналот на Јутјуб била пуштена музика, а претходно не побарале дозвола од ЗАМП. Таа добила казна од околу 300 евра, а правното лице околу 700 евра, што вкупно изнесува околу 1000 евра. Во пресудата се наведува дека застапникот на ЗАМП во попладневните часови правел контрола во фитнес центарот и во тие десет минути воочил дека таму преку Јутјуб изведуваат странска поп песна, односно песната „Clocks“ од Coldplay. На лице место била присутна и директорката на која и било пренесено дека просторот е голем околу 100 квадратни метри и дека во него има вежбачи, а правното лице немало одобрение од Хрватското друштво за авторски музички права ЗАМП, ниту пак дополнително го прибавила, а без сомнение музика слушале поголем број луѓе.

Маркетинг

Судот заклучи дека со тоа е прекршен Законот за авторски права и ја одреди казната за младата претприемачка.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button