Хелен Мирен го покажа вистинското лице
Познатата актерка минатата година подигна прашина со нејзината изјава дека хидратантните креми што ги користи најверојатно немаат никаков ефект на нејзиното лице, но ги користи бидејќи се чувствува подобро. Овој пат пак се најде во фокусот со фотографија на која позира во природно издание, без шминка.
https://www.instagram.com/p/BeozrMEA8hP/
Станува збор за селфи фотографија направена на балкон во Калифорнија каде 72-годишната актерка Хелен Мирен се пошегува држејќи ја големата сина месечина над небото во Лос Анџелес, реткиот астролошки феномен којсе случи на 31 јануари и кој можеше да се набљудува само од некои делови на Земјината топка. Оскаровката притоа позираше без трошка шминка, што во медиумите предизвика коментари од типот дека изгледа непрепознатливо.
Инаку, познатата бјути икона пред неколку месеци на модната ревија во Париз ги воодушеви сите кога се појави во комбинација инспирирана од машкиот стил, со шик сиви панталони со кариран дезен кои ги носеше со класична бела кошула, долг син капут со истакнати бели рабови и бастун!