Долго време никој не можеше со сигурност да каже дали Кајли Џенер навистина е бремена или не, а сега таа конечно се породи.
Кајли Џенер роди ќерка! Популарната 20-годишна девојка своето прво дете го доби со својот свршеник, реперот Травис Скот. Парот и покрај тоа што целото време се обидуваше да сокрие дека младата риалити ѕвезда е бремена, папараците неколку пати ја фатија како влегува во автомобилот, а големиот стомак убаво и се познаваше. Таа дури сега ја потврди веста кога за Е! изјави:
„Моето здраво и прекрасно девојче се роди на 1 февруари, па одвај чекав со вас да го споделам овој благослов!“.
Покрај ова, сопственичката на козметичката линија „Кајли Козметикс“ објави и видео на нејзиниот канал на Јутјуб каде на крајот се појави слика од нозете и рацете на нејзиното бебе. Сега, кога е сé познато, Кајли призна дека сакала да ја сокрие бременоста од јавноста и им се заблагодари на сите оние кои го почитуваа тоа.
„Жал ми е што ве држав во темница. Разбирам дека ве носев на моите патувања, но бременоста е една работа која не сакав да ја направам пред целиот свет. Тоа беше прекрасно, силно искуство кое ми го промени животот“, напиша младата мајка