Кое од овие две изданија на Викторија Бекам ви се допаѓа повеќе?
Вики деновиве беше во Париз каде заедно со својот сопруг и синот Бруклин присуствуваше на ревијата на Луј Витон. По ревијата Викторија го посети Мадрид на покана од шпанскиот Вог, а со комбинациите што ги носеше при посетата ги воодушеви сите. И додека за свечената гала избра црвен фустан со затворено деколте и салонки во боја на лаванда, утредента, при излегување од хотелот познатата дизајнерка ги импресионираше сите со нејзината неодолива „off-duty“ комбинација. Имено, таа овој пат избра класична црна ролка во комбинација со здолниште со А крој со интересен црвено-бел дезен, а целата комбинација ја заокружи со кожните чизми во бордо нијанса од кои не се одвојува во последно време.
Па, кое од овие две изданија ви се допаѓа повеќе?