Кјара Ферањи наскоро ќе стане мајка
Сопственичката на „The Blonde Salad“ и „Ferragni Collection“ ужива во последните денови од својата бременост. Познатата блогерка своето прво бебе треба да го роди на почетокот на пролетта, а веднаш откако откри дека со нејзиниот сопруг, мега популарниот италијански музичар Федезом чека бебе, откри и дека ќе роди машко дете кое што ќе се вика Лео.
Нејзиниот стомак не се познаваше се до неодамна, освен на фотографиите што ги снимаше во градник пред огледало, па и нејзините комбинации што ги избира воопшто не се класични кога е во прашање модата за жени во блажена состојба.
Па така Кјара се уште не се откажува од кратки фустани и здолништа, како и од панталони и фармерки, а дел од нејзините најдобри комбинации погледнете ги во продолжение.
Фото: Инстаграм